Кои сме ние

Македонската платформа против сиромаштија и Граѓанската ницијатива “8-ми Септември“  меморандумот за соработка го потпишаа на 9 октомври 2013 година.

Наша основна цел е активна подршка на сиромашните и социјално исклучените граѓани во борбата за достоинствен живот, како и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Досегашната соработката се темели на заедничка реализација на јавни дебати/трибини/средби на тема сиромаштија и достоинствен живот, на кои беа претставувани иницијативите за „Храна, вода, облека и струја за секое семејство“ на 8-ми Септември  и „Минимален достоинствен приход во македонски контекст“ на МППС.

Во периодот што следува ќе се иницират измени и дополнување на Законот за социјална заштита и јавна собранска расправа за потребата од воведување на минимален достоинствен приход.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *