Кој си ти? Не те знам јас тебе …

Ако погледнеме подобро во луѓето што чекорат по улиците и ако доволно ги отвориме сетилата за да допреме до тоа што е „од прва“ скриено, нема да останат незабележани пластичните бисери и ефтината козметика на лицето на една госпоѓа … испегланиот костум со вешто прикриени крпеници, скроен по мината мода, кој гордо стои на стариот господин … комплетно „намонтирана“ млада госпоѓа, со лажни вредности на себе и со мирис на парфемче „на точење“ … младо момче со оргинал кинески патичиња и фармерчиња од локално дуќанче, со видливо испишан „фалш“ бренд … во нив ќе препознаеме пензионирани и посветени работници, квалитетни млади надежи, чесни и вредни луѓе …

Тешко е да се биде во таа група на луѓе … лесно е да се заврти главата … одговорно е да се помогне … веќе е 5 до 12 … да кренеме глас против сиромаштијата …

Накратко …

  • Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2011 година процентот на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 30.4%.

  • Стапката на материјална депривација во Македонија е околу 35% и е блиску до стапката која ја имаат новите Европски држави – Бугарија, Романија, Латвија. Во ваква ситуација граѓаните имаат пристап до приходи, но со нив не можат да си дозволат доволно за да живеат достоинствено, односно имаат недоволно и имаат неадекватен животен стандард.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *