3 коментари на “Срамота е да си сиромашен

  1. Илија Колев Радовиш

    Паролата “срамота е да си сиромашен” и барање на социјална правда се погрешни. Вие всушност се борите со дејствување врз последиците. Штом изворот – причината останува тој ќе ви прати нови последици. Значи борбата ќе биде успешна само, во колку ја усмерите на разоткривање на причината и се борите за отстранување на истата. Зошто не сватите дека во системот има причина, штом произведува социјална држава, а не држава на благосостојба на сите нејзини граѓани. Кога ќе се отстрани причината, тогаш работата ќе се одвива во постојано намалување на сите проблеми, и проблемот ќе се реши трајно. Која е причината, имате огромна среќа што некој веќе ја пронашол и може да ви ја даде без никаков надомест. Причината и вие ја знаете, но фали разбирање дека тоа е таа. Имаме пред очи дека на пазарот има стоки во изобилие, а кај луѓето нема куповна моќ. Зошто ја нема, бидејки работниците не го добиваат делот од печалбата што одговара на нивната заслуга. Тие- работниците добиваат нето плата, но тие се заслужни и за остварувањето на профитот или загубата. Штом работниците не го добијат тој дел, за да ја надополнат или коригираат остварената плата, тие ја немаат можноста да се богатат, или во висина на тој дел остануваат по сиромашни. Додека газдите, присвојувајки го неоправдано делот што им следува на работниците, фактички ја купуваат сами понудата што одговара на тој дел на пари. Но, понудата и понатаму останува понуда, но сега без покритие со куповна моќ, или се нарекува вишок на понуда. Оваа вишок на понуда се трупа уште повеке во наредната година и од инвестирањето на погрешно присвоениот дел од работниците, така што кога ја надмине границата на издржливоста се изразува во појава на криза. За сето време работата се кочи, се додека таквата вишок на понуда не се поништи со: војни, снижување на цени, поклони, и фрлање во отпад. Значи ова е причината што го кочи развојот и прави раслојување на сиромаси и богати. Едно треба да се сфати, богаташите не се богаташи врз основа на погрешно присвоениот дел, што ги следува работниците, тој дел се уништува и ги прави работниците сиромаси, инаку газдите се богатат врз основа на нивниот дел што им следува. На овој план треба да се борите да се исправи оваа грешка на системот, која нее на штета на газдите, бидејки тие тоа што им изгледа дека ќе го изгубат, ќе го добијат и повеќе преку откочувањето на работата и развојот. За клучот на делбата и пошироко разбирање на мојот профил.

  2. Илија Колев Радовиш

    ПРАВИЛНА ГРАДБА НА ОПШТЕСТВЕНИОТ СИСТЕМ. 1. Чинители на работата се: трудот и парите, преку своите сопственици. 2. Во работата се влегува од интерес. 3. Во услови на почитување на пазарните законитости, интересот се остварува во два дела и тоа: а/ Почетна цена, што се добива на првиот пазар, тоа е: – на пазарот на труд, остварена нето плата- за трудот и – на пазарот на пари, остварена камата- за парите. б/Разлика на почетната цена, што се добива со учество во крајниот резултат- профит или загуба. Клуч за пресметка на разликата на почетната цена е влогот од вредност, со кој и трудот и парите влегуваат во работата. – за трудот, остварената нето плата, како вредност на вложениот труд. – за парите, вложените сопствени и кредитни пари во просек. – и за двата чинитела на работата- трудот и парите, на ниво на пресметковен период. ЗАКЛУЧОК: Крајниот резултат на работата- профит или загуба, претставува разлика на почетната цена на трудот и парите.

  3. Илија Колев Радовиш

    За мене сите филозофии за градбата на системот, се застарени и неточни. Во денешно време имаме оригинални искуствени факти за нивната погрешност. Прво, кога парите се оставаат како стока, да не го добијат делот од крајниот резултат- профит или загуба, тоа е социјализамот, доаѓа до раслојување, поточно сиромашење на парите, а богатење на трудот. Второ, кога трудот се остави како стока, да не го добие делот од крајниот резултат- профит или загуба, тоа е сегашниот капитализам, исто така доаѓа до раслојување, поточно до сиромашење на трудот, а богатење на парите. Трето, богатењето е лажно, додека сиромашењето вистинито. Тоа е така, бидејки таквиот начин на работа, го пореметува односот помеѓу понудата и побарувачката и како вишок на понуда, во случајот на капитализамот, се уништува, а како кусок на понуда, во случајот на социјализамот, исто така се уништува преку милионската инфлација. Заклучокот е: крајниот резултат од работата- профит или загуба, претставува разлика на почетната цена и на трудот и на парите, а не само на едниот, што се случува во двата система.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *