Демант на веста „СДСМ повторно со сценарио за протести“

Од:Македонска платформа против сиромаштија

До: Сите печатени и електронски медиуми

Предемт: Демант на веста „СДСМ повторно со сценарио за протести“

Почитувани,

 

Ги демантираме информациите со наслов „СДСМ повторно со сценарио за протести“, објавени во медиумите Нет Прес, Сител и Канал 5, каде е наведено дека се планира „протест кој треба да се одржи наводно како собир на социјално незадоволни граѓани“.

Во интерес на објективно и вистинито новинарско известување на јавноста, согласно новинарските стандарди и принципи, ве известуваме дека на 1 март 2014 година (сабота) во 11.55 часот, со почеток од пред Собрание на РМ ќе се одржи „Марш против сиромаштија“, кој ќе продолжи со „Концерт за достоинство“, во организација на Сојузот на здруженија на граѓани – Македонска платформа против сиромаштија и неформалната граѓанска иницијатива 8-ми Септември. Датумот избран за нашиот настан е чиста коинциденција и не е точно дека „е планиран намерно за во сабота денот кога ќе се оддржи конвенцијата за претседателски кандидат на владеачката ВМРО-ДПМНЕ“, како што е наведено во текстот кој го демантираме.

 

На настанот ги покануваме сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска, партиска, или друга припадност, со цел да придонесат во борбата против сиромаштијата.

 

Очекуваме дека овој демант ќе биде објавен и Ве покануваме да известите директно од настанот.

Сиромаштијата не засега сите.

 

Изјавил

Сашко Јованов

Генерален секретар

Македонска платформа против сиромаштија

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *