Не се работи за сиромаштија, се работи за достоинство

„Тоа што не притиска е немаштијата … дури ни прави селекција, не изобличува самите себе си, понекогаш не се познаваме … што сме имале и до каде сме дојдени”            

Ситуацијата во Македонија е алармантна. Голем дел од граѓаните се хранат со продукти кои се најефтини, бидејќи само нив можат да си дозволат да ги купат, притоа воопшто не земајќи го во предвид нивниот квалитет.  Многу од нив живеат во лоши услови, често и под основните стандарди за нормален живот

„И културата е неопходна и потребна. Духовна надградба. А да се прашам кога последен пат сум била во театар, кога сум си дозволила … кога сум си дозволила на кино да идам последен пат … тоа е исто духовна потреба, никако поинаку. И не е само храната потреба … да потребно е … сите треба да јадеме … но има и други вредности во животот кои сме ги негувале како личности.“

За жал, за дел од граѓаните одењето во театар или во кино често претставува луксуз

Да зборуваме во името на оние кои немаат глас …  Достоинствен живот за секој граѓанин#5до12

……………………………………………………………………………..

 Пренесените изјави се зборови на учесниците на осумте фокус групи, реализирани од 17 до 26 декември 2012 година, во градовите Берово, Свети Николе, Струмица, Неготино, Прилеп, Битола, Тетово и Скопје, реализирани со цел да се одредат индикаторите за минимален достоинствен приход во Република Македонија. Анализата од фокус-групното истражување покажа дека главните индикатори за достоинствен живот според приоритетноста на ниво на Република Македонија се:

1.Трошоци за струја, вода, греење ;

2.Храна;

3.Образование;

4.Облека и обувки;

5.Лекување;

 6.Општествен и културен живот

 

Еден коментар на “Не се работи за сиромаштија, се работи за достоинство

  1. Илија Колев Радовиш

    Јас сум возрасен човек, но младите можат да научат многу од мене. Самото организирање со наслов 5 – 12, е знак на будење. Но треба да се има предвид дека, будење без разбирање сеуште нее будење. Значи работата ти оди кога ја разбираш, што, и за ова организирање тоа е основа, во спротивно ќе имате само измачување. Колку што гледам, сеуште разбирањето ви е недоволно. Патот за обезбедување социјална помош, или некој да обезбеди работа и достоен живот, е помошен, и потребен во сегасниот случај, додека да се реши проблемот. Главниот пат што треба да го имате, е утврдување и отстранување на причината што доведува до ваквите состојби. За Вас среќна околност е, како што реков ,дека можете да научите многу од мене, што јас веќе ја открив причината, а со тоа отстранувањето само се подразбира. Значи предмет на вашата борба треба да биде ова, а успехот ќе биде можен кога ова разбирање ке стане разбирање на народот. Тогаш нема да биде потребна револуција, туку едноставно културен премин, секако и со притисок, за остварување на целта за која се борите. ПРИЧИНАТА сите вие ја знаете, само не ја имате поточно формулирано. Сите знаеме дека состојбата е: немање работа, сиромастија, кризи, војни и сл. Заклучок на ова е дека куповната моќ кај луѓето ја нема, а на пазарот има стоки и услуги во изобилие. Прашанјето е ? што е тоа што прави таква состојба? Неможе да биде ништо друго, освен некаква грешка во распределбата на печалбата, штом стоките и услугите остануваат непотрошени. Уште поточно дека работниците /трудот/, не го добива делот што му следува. Се поставува прашање колку трудот го следува, бидејки тој преку остварување на плата, веќе добива дел од печалбата ? Кога работниците добијат плата, во исто време и газдите, треба да добијат камата. Работниците за вложениот труд, а газдите за вложените сопствени и кредитни пари. Овој дел од печалбата се добива врз основа на пазарот на труд и пазарот на пари, и нее конечен. Кога се утврдува конечниот резултат, на крајот од годината- со завршна смета, резултатот може да биде добивка /профит/ или загуба. Што значи тоа ? Сосема разбирливо е дека, овој резултат е заслуга и на работниците за вложениот труд, во вредност на остварената плата /како најблиска вредност на трудот/ и на газдите за вложените сопствени и кредитни пари, и за двата чинитела на работата сведени на ниво на година. Но, идеологијата на капитализмот тврди дека тој краен резултат припаѓа само на газдите. Да скратам, значи делот што му следува на трудот, а го присвојуваат газдите е причината за немање куповна моќ кај луѓето, а со тоа и кочење на работата и развојот, што се изразува и во немање работа и сиромашење. ЗА ОВА ТРЕБА ДА СЕ БОРИТЕ, ако капиталистите тоа несакаат да го прифатат, со практични примери треба да им се докаже.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *