Реакција на прес-конференцијата на Сашо Лазаровски, одржана на 28.02.2014

Од: Македонската платформа против сиромаштија

Дата: 28.02.2014

Предмет: Реакција на прес-конференцијата на Сашо Лазаровски, одржана на 28.02.2014

 

Почитувани,

Ве информираме дека онаа организација која во вашата прес конференција е именувана како „таканаречената невладина организација „Македонска платформа против сиромаштијата““ е непрофитна, непартиска и невладина организација основана во 2010 година, како Сојуз на повеќе од 80 здруженија на граѓани. Од тогаш во континуитет се негува конструктивна соработка со Министерството за труд и социјална политика и се дава придонес во работата на Владата и Парламентот на Република Македонија, во делот на социјалната политика.

Македонската платформа против сиромаштија (МППС) е формирана со поддршка на Австриската соработка за развој и Институтот за човекови права – Лудвиг Болцман, двете вклучени во паралална изградба на капацитетите на здруженијата на граѓани и Министерството за труд и социјална политика. МППС е член и на Европската мрежа против сиромаштија, високо номинирана мрежа од европски ранг и директно поддржана од Европската комисија. Директната контрола на овие европски институции ни дава легитимитет да работиме без да подлегнуваме на партиски притисоци од било која страна.

Маршот против сиромаштија најавен за во 11.55, на 1 март 2014 година, е во координација со агендата на Европската платформа и е дел од серијата маршови против сиромаштија, кои во сите демократски европски држави се земаат како начин за изразување на барањата на граѓаните, а не како закана.

Во прилог е објавата за утрешниот настан на веб страната на ЕАПН

И објавата за настанот на МППС

 

Изјавил

Сашко Јованов

                                                                                      Генерален секретар

Македонска платформа против сиромаштија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *