Архива за категоријата: Изјави

Реакција на прес-конференцијата на Сашо Лазаровски, одржана на 28.02.2014

Од: Македонската платформа против сиромаштија

Дата: 28.02.2014

Предмет: Реакција на прес-конференцијата на Сашо Лазаровски, одржана на 28.02.2014

 

Почитувани,

Ве информираме дека онаа организација која во вашата прес конференција е именувана како „таканаречената невладина организација „Македонска платформа против сиромаштијата““ е непрофитна, непартиска и невладина организација основана во 2010 година, како Сојуз на повеќе од 80 здруженија на граѓани. Од тогаш во континуитет се негува конструктивна соработка со Министерството за труд и социјална политика и се дава придонес во работата на Владата и Парламентот на Република Македонија, во делот на социјалната политика.

Македонската платформа против сиромаштија (МППС) е формирана со поддршка на Австриската соработка за развој и Институтот за човекови права – Лудвиг Болцман, двете вклучени во паралална изградба на капацитетите на здруженијата на граѓани и Министерството за труд и социјална политика. МППС е член и на Европската мрежа против сиромаштија, високо номинирана мрежа од европски ранг и директно поддржана од Европската комисија. Директната контрола на овие европски институции ни дава легитимитет да работиме без да подлегнуваме на партиски притисоци од било која страна.

Маршот против сиромаштија најавен за во 11.55, на 1 март 2014 година, е во координација со агендата на Европската платформа и е дел од серијата маршови против сиромаштија, кои во сите демократски европски држави се земаат како начин за изразување на барањата на граѓаните, а не како закана.

Во прилог е објавата за утрешниот настан на веб страната на ЕАПН

И објавата за настанот на МППС

 

Изјавил

Сашко Јованов

                                                                                      Генерален секретар

Македонска платформа против сиромаштија

Демант на веста „СДСМ повторно со сценарио за протести“

Од:Македонска платформа против сиромаштија

До: Сите печатени и електронски медиуми

Предемт: Демант на веста „СДСМ повторно со сценарио за протести“

Почитувани,

 

Ги демантираме информациите со наслов „СДСМ повторно со сценарио за протести“, објавени во медиумите Нет Прес, Сител и Канал 5, каде е наведено дека се планира „протест кој треба да се одржи наводно како собир на социјално незадоволни граѓани“.

Во интерес на објективно и вистинито новинарско известување на јавноста, согласно новинарските стандарди и принципи, ве известуваме дека на 1 март 2014 година (сабота) во 11.55 часот, со почеток од пред Собрание на РМ ќе се одржи „Марш против сиромаштија“, кој ќе продолжи со „Концерт за достоинство“, во организација на Сојузот на здруженија на граѓани – Македонска платформа против сиромаштија и неформалната граѓанска иницијатива 8-ми Септември. Датумот избран за нашиот настан е чиста коинциденција и не е точно дека „е планиран намерно за во сабота денот кога ќе се оддржи конвенцијата за претседателски кандидат на владеачката ВМРО-ДПМНЕ“, како што е наведено во текстот кој го демантираме.

 

На настанот ги покануваме сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска, партиска, или друга припадност, со цел да придонесат во борбата против сиромаштијата.

 

Очекуваме дека овој демант ќе биде објавен и Ве покануваме да известите директно од настанот.

Сиромаштијата не засега сите.

 

Изјавил

Сашко Јованов

Генерален секретар

Македонска платформа против сиромаштија

 

 

Зошто Марш против сиромаштија?

Нé прашуваат зошто сме се одлучиле да организираме Марш против сиромаштија

Одговорот е многу едноставен, затоа што граѓаните имаат потреба од тоа. Овој настан ги повикува да се приклучат и да ја подржат иницијативата сите оние кои живеат во сиромаштија, но и оние кои сакаат да застанат на страната на народот и да зборуваат во името на оние кои немаат глас

Нé радува и тоа што граѓаните почнуваат да прашуваат „зашто треба да излезат“, а не инструирано да се движат по маршови за оваа или онаа тема.

Ние преку овој марш сакаме да покажеме дека граѓаните живеат се полошо и полошо, дека ниту една влада досега не придонела за унапредување на нивниот квалитет на живот. Дека статистиките кои ни ги презентираат за економски раст и раст на социјалните трансфери не се реални, граѓаните живеат во беда и сиромаштија. Воедно, сметаме дека сите претходни биле успешни и добри настани затоа што секое излегување на народот на улица значи и кревање на гласот за подобар живот. 

Затоа  ве повикуваме тебе и сите твои пријатели да дојдете и да им помогнете на оние кои немаат глас да си ги побараат правата. И за тебе се работи.

Учествувај, поддржи, сподели! Затоа што е #5до12

 

 

Социјална држава или држава на социјална неправда

Според Уставот, Македонија е социјална држава, а во пракса е држава на социјална неправда, за жал, во пракса, таа е земја на социјална неправда. Социјалниот систем е нефункционален и мора да претрпи коренити промени во интерес на граѓаните и сиромашните – изјави денеска Џељо Хоџиќ.

Граѓанската иницијатива 8 Септември веќе достави барање до ЗЕЛС, во кое се бара општините да обезбедат бесплатен јавен превоз за социјално загрозените семејства и да ги превземат сметките за вода и комуналии за овие семејства.

Извор: а1он.мк