Архива за категоријата: Сиромаштија

Затоа што е пет до 12!

Излези на марш против сиромаштијата, која е секоја година се поголема.

Излези на марш, за да бидеш достоинствен.

Секој трет граѓанин живее под работ на сиромаштијата. Тоа не е маргинална бројка!

Излези, затоа што во Грција, Албанија, Србија, Бугарија, БиХ, Хрватска и Словенија просечната плата е поголема од Македонија.

Излези, за да направиме притисок, за да си го вратиме достоинството.

Излези, затоа што вредиш повеќе од споменик.

Излези, затоа што животот треба да ти биде полесен.

Марширај против сиромаштијата, затоа што сметките за струја, вода и телефон се поголеми од минималната плата.

Крени го гласот за социјална правда. Крени го гласот, затоа што живееш во земја на социјална неправда.

Крени го гласот затоа што невработеноста се решава со бришење од евиденцијата за невработени.

Крени го гласот, затоа што бројот на семејства приматели на социјална помош за последните осум години е намален за речиси половина.

Крени го гласот, затоа што многу луѓе денот го преживуваат со помалку од 20 денари на ден.

Крени го гласот, затоа што преку 200.000 сметки се блокирани.

Крени го гласот, затоа што извршителите немаат милост!

Крени го гласот, затоа што родителите се среќни кога младите ја напуштаат татковината.

Марширај, затоа што ти се ускратени работничките права, затоа што жолтиот синдикат не те штити тебе, туку Владата.

Марширај, затоа што казните се поголеми од платите, затоа што не си роб на работодавачите.

Дојди со нас, затоа што заедно сме посилни.

Дојди со нас, затоа што од тебе зависи.

Подај ја твојата рака на социјалците, стечајците и сиромашните, солидаризирај се.

Дојди со нас, затоа што за тебе се работи!

Дојди со нас, затоа што социјалната помош мора да биде поголема, затоа што лековите за сиромашните мора да се бесплатни.

Треба да бидеш со нас, затоа што децата од сиромашните семејства мора да имаат полесен пристап до времени вработувања.

Дојди со нас, затоа што е пет минути до 12 за сите ние да направиме нешто за себе.

Пет до 12 е да го кренеме гласот против сиромаштијата. 

Дојди со нас, затоа што е пет до 12, за да се избориме за достоинствен живот.

На 1 март, сабота, во 11:55 биди пред Собранието, до паркот “Жена-борец“, ќе маршираме до Владата на Република Македонија. Ќе испратиме силна, јасна и гласна порака: државата постои за да им служи на луѓето. Потоа ќе одиме на Јадран Сквер на концертот за достоинствен живот. Таму ќе бидеме свои на своето, таму достоинствено, сите заедно ќе го кренеме гласот против сиромаштијата, за подобар живот. Те чекаме да дојдеш заедно со своите роднини, другари и пријатели.

Кога ако не сега?! Кој ако не ти?!

За тебе се работи!

Учествувај, поддржи и сподели, затоа што е пет до 12, а од тебе зависи!

 

Џелал Хоџиќ- Џељо

Кој си ти? Не те знам јас тебе …

Ако погледнеме подобро во луѓето што чекорат по улиците и ако доволно ги отвориме сетилата за да допреме до тоа што е „од прва“ скриено, нема да останат незабележани пластичните бисери и ефтината козметика на лицето на една госпоѓа … испегланиот костум со вешто прикриени крпеници, скроен по мината мода, кој гордо стои на стариот господин … комплетно „намонтирана“ млада госпоѓа, со лажни вредности на себе и со мирис на парфемче „на точење“ … младо момче со оргинал кинески патичиња и фармерчиња од локално дуќанче, со видливо испишан „фалш“ бренд … во нив ќе препознаеме пензионирани и посветени работници, квалитетни млади надежи, чесни и вредни луѓе …

Тешко е да се биде во таа група на луѓе … лесно е да се заврти главата … одговорно е да се помогне … веќе е 5 до 12 … да кренеме глас против сиромаштијата …

Накратко …

  • Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2011 година процентот на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 30.4%.

  • Стапката на материјална депривација во Македонија е околу 35% и е блиску до стапката која ја имаат новите Европски држави – Бугарија, Романија, Латвија. Во ваква ситуација граѓаните имаат пристап до приходи, но со нив не можат да си дозволат доволно за да живеат достоинствено, односно имаат недоволно и имаат неадекватен животен стандард.