Архива за категоријата: Некатегоризирано

Маршот против сиромаштија предизвика интерес и кај активистите во другите земји

Маршот против сиромаштија предизвика интерес и кај активистите во другите земји. 
Веста за него, освен на англиски, http://bit.ly/1hx0uGd, Глобал војсис ја пренесе и на други јазици. До сега се објавени на шпански (http://bit.ly/1hIQIB5)  на малагшки (http://bit.ly/1f1dgbR, јазикот на островот Мадагаскар, има 20 милиони говорители), Италјански (https://it.globalvoicesonline.org/2014/03/macedonia-decine-di-poliziotti-guardano-i-centinaia-in-marcia-contro-la-poverta/, јазикот бангла има 210 милиони говорители низ целиот свет http://bn.globalvoicesonline.org/2014/03/09/42148/ , и на свахили, јазикот на Западна Африка http://sw.globalvoicesonline.org/2014/03/polisi-wawatazama-raia-wakiandamana-nchini-macedonia/

 

Не се работи за сиромаштија, се работи за достоинство

„Тоа што не притиска е немаштијата … дури ни прави селекција, не изобличува самите себе си, понекогаш не се познаваме … што сме имале и до каде сме дојдени”            

Ситуацијата во Македонија е алармантна. Голем дел од граѓаните се хранат со продукти кои се најефтини, бидејќи само нив можат да си дозволат да ги купат, притоа воопшто не земајќи го во предвид нивниот квалитет.  Многу од нив живеат во лоши услови, често и под основните стандарди за нормален живот

„И културата е неопходна и потребна. Духовна надградба. А да се прашам кога последен пат сум била во театар, кога сум си дозволила … кога сум си дозволила на кино да идам последен пат … тоа е исто духовна потреба, никако поинаку. И не е само храната потреба … да потребно е … сите треба да јадеме … но има и други вредности во животот кои сме ги негувале како личности.“

За жал, за дел од граѓаните одењето во театар или во кино често претставува луксуз

Да зборуваме во името на оние кои немаат глас …  Достоинствен живот за секој граѓанин#5до12

……………………………………………………………………………..

 Пренесените изјави се зборови на учесниците на осумте фокус групи, реализирани од 17 до 26 декември 2012 година, во градовите Берово, Свети Николе, Струмица, Неготино, Прилеп, Битола, Тетово и Скопје, реализирани со цел да се одредат индикаторите за минимален достоинствен приход во Република Македонија. Анализата од фокус-групното истражување покажа дека главните индикатори за достоинствен живот според приоритетноста на ниво на Република Македонија се:

1.Трошоци за струја, вода, греење ;

2.Храна;

3.Образование;

4.Облека и обувки;

5.Лекување;

 6.Општествен и културен живот

 

5 до 12: Марш против сиромаштијата, концерт за достоинствен живот – 1 март во Скопје

На 01.03.2014, сабота, дојди со нас!
Во 5 до 12 се собираме пред Собрание на Република Македонија, па следува:
12.00 – 13.00 Марш против сиромаштија од Собрание, преку Влада, до Сквер Јадран
13.00 – 17.00 Концерт за достоинствен живот, на Сквер Јадран (Распеани Скопјани, Соња Исмаил, Бени и Нон Стоп)

На Твитер: #5до12 и #5do12

МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА и 8-ми Септември / 8 Shtatori се залагаат за воведување на минимален достоинствен приход за секој граѓанин и промена на законската регулатива за социјална заштита. ‪#‎5до12‬